Отворена бесплатна линија кај Народниот правобранител, граѓаните со можност да пријават повреда на гласачко право

На 24.04.2024 денот кога ќе се оддржи првиот круг на претседателски избори за Претседател на државата, во канцеларијата на Народниот правобранител во период од 7 до 19 часот граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачко право на бесплатната телефонска линија 0800 5432. Освен на бесплантната телефонска линија граѓаните исто така ќе можат да пријават повреди на избирачко право и лично во главната канцеларија во Скопје.

Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Лаура Стојанова М-Нет