ВИДЕО: Ефектниот гол на Дориев од 20 метри со кој го реши дербито во Узбекистан

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев постигна атрактивен гол за триумф на неговата Согдиана против лидерот Андијан во дербито од шампионатот на Узбекистан.

Согдиана триумфираше со 1-0 благодарение токму на голот на Дориев во 64. минута со мајсторски шут од околу 20 метри.

За Дориев ова е втор гол сезонава за Согдиана која со 11 бода е на делба на првото место на табелата заедно со Андијан.

Се вчитува...