Фотограф: „Грешев за АИ, никој не е безбеден!“

Со оваа реченица започнува видео блогот на Tony & Chelsea Northrup, фотографи кои објавуваат видео туторијали и трикови за фотографите.

Нивното предвидување дека вештачката интелигенција (АИ или ВИ, како милувате) напредува, но дека ќе поминат години додека не постигне фотографска прецизност беа грешни. Но, не грижете се дечки, никој не знаеше и никој не можеше да предвиди!

Ова е споредбата помеѓу првите верзии (пред 1 година) и последната на апликацијата за генеративна АИ, Midjourney, со идентичен промпт:

Вистината е дека сите илустратори, фотографи и други „чисти“ уметници ќе останат без работа… и не само тие. Проверете дали се наоѓате на листата на „загрозени видови“:

Професии кои ќе бидат (или веќе се) целосно (или делумно) заменети со генеративна АИ (поголема резолуција). Преземено од текстот „Кој се плаши од ChatGPT и Dall-e лош? ResPublica

Целата дискусија можете да ја видите тука:

Во видеото се нагласува важноста од интегрирање на вештачката интелигенција во работниот тек на фотографите со цел да не заостанат во индустријата. Генерално, тие ги охрабруваат фотографите да ја прифатат вештачката интелигенција и нејзините потенцијални придобивки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *