ТИКТОК ПРЕД ЗАБРАНАТА ВО АМЕРИКА! Конгресот гласал, апликацијата на работ на пропаст – Ова се условите кои се поставени

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска со 360 гласа за и 58 против усвои закон со кој се предвидува забрана на социјалната платформа TikTok , доколку нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Bytedance“ не го продаде своето право на работа на американскиот пазар во рок од девет месеци.Платформата во САД има околу 170 милиони корисници , а одлуката е донесена затоа што американските безбедносни служби ја сметаат за ризик за националната безбедност.Законот усвоен денеска вели дека „Bytedance“ мора да најде купувач во рок од 270 дена, или платформата ќе биде забранета, а Белата куќа има опција да го продолжи тој рок за уште 90 дена , доколку претседателот Џо Бајден утврди дека има напредок на распродажба.Кинеската компанија интензивно лобираше за да се обиде да го спречи усвојувањето на законот , за кој рече дека ги крши правата на потрошувачите од Првиот амандман и ги загрозува малите бизниси.– Жално е што Претставничкиот дом поддржува закон што ќе ги прекрши правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци , ќе уништи седум милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува 24 милијарди долари годишно за американската економија – изјави компанијата на X. социјална мрежа.Кинеската компанија, исто така, навести дека може да го оспори законот на суд и им кажа на корисниците дека планираат да ја продолжат борбата „искористувајќи ги сите законски права.

Пронајдете не на следниве мрежи: