АТП Мадрид: Медведев со пресврт во осминафиналето

Четвртиот тенисер во светот, Русинот Данил Медведев, уште еднаш, како и во второто коло, надополни сет заостанување и со 5-7, 7-6 (4), 6-3 победи против Американецот Себастијан Корда (АТП – 26.) и избори пласман во осминафиналето на турнирот на земјена подлога АТП Мастерс 1000 во Мадрид.

Корда го доби изедначениот прв сет со брејк во долгиот 12-ти гем, користејќи го шестиот сет поен. Во вториот сет Американецот имаше ’брејк’-топка во шестиот гем, но остана без реализација. Ниту Медведев не успеа да дојде до ’брејк’, па одлуката падна во 13. гем, во кој Русинот беше подобар.

Победникот беше решен во осмиот гем од третиот сет, кога Медведев ја искористи единствената можност за брејк, а потоа без мака го приведе мечот кон крајот.

За своето прво четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, Русинот ќе игра против Казахстанецот Александар Бублик, кој исто така надополни негатива од сет во дуелот против Бен Шелтон и победи со 3:6, 7:6 (2), 6:4. .

Бублик пред три години беше во четвртфиналето на овој турнир, но во меѓусебните дуели против Медведев има негатива од 0-5.