Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона не се откажува, клубот ќе поднесе уште една жалба за казната на Левандовски

Објавено

на

Барселона го доби последниот меч против Осасуна пред Светското првенство, меч на кој екипата успеа да направи целосен пресврт во вториот дел иако играше без Роберт Левандовски кој беше санкциониран со црвен картон.

Левандовски за тој негов потег доби казна од три натпревари (еден за картонот и два за негова реакција) по што каталонците вложија жалба до шпанската фудбалска федерација, жалба која не беше усвоена, односно санкцијата остана иста.

Меѓутоа Барса не планира тука да застане и ќе оди до највисоката истанца и тоа е Судот за спортска арбитража (ТАД).  Во таборот на вицешампионот се надеваат дека ќе го добијат она што го посакуваа, а ако нема промена тогаш Полјакот ќе биде недостапен за дуелите со Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни