ТЕРА

REKLAMA???

„ГРМИ ПОЕЗИЈА“-ПОЕТСКА ЗБИРКА НА БИТОЛСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

„Грми поезија“ е насловот на поетската збирка во која се сместени авторски песни од гимназијалците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, а изгледот на книгата го изработја – рачно учениците од уметничката насока. Во книгата се сместени 20 песни со различен лирски младешки израз.

„Поезијата – особено народната, за македонската книжевност не е само еден книжевен род, туку начин на опстојување на јазикот и културата во минатото, а денес се реактуелизира преку нејзино декодирање според современите потреби на уметноста, воопшто“, велат од гимназијата.

Целта на оваа активност беше на учениците да им се доближи поезијата, да се мотивираат да напишат нешто свое – авторско и да направат нешто уникатно – нешто што ќе остане за во иднина. Активноста се одржа под менторство на професорите Александар Поповски, Ирена Димовска – Митревска, Тони Дуковски во рамките  на библиотечната дејност за популаризација на книгата и читањето.