ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОЛИ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ

    ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОЛИ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИTарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на владина седница, рече Битиќи. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерто Фатмир Битиќи во реакција својата официјална Фејсбук страница ја осуди едностраната одлука на осигурителните компании за зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила и рече дека тарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на владина седница.

    Од вчера, осигурителните компании ја покачија цената за 15 отсто. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста.

    Во реакцијата, Битиќи вели дека „ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени“.

    „Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на Владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните“, рече Битиќи.

    Тој го повика ресорното Министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените. Рече дека очекува на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени да им се компензираат средствата.

    Националното биро за осигурување (НБО), кое ја одредува цената за осигурување на возилата, соопшти дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Велат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

    „Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопшти Националното биро за осигурување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира