Инфлацијата на потрошувачките цени во Турција во март достигна до 68,5%, а како резултат на порастот на цените на храната и услугите.

Како што пренесува „Ројтерс“, месечната инфлација во март достигнала до 3,14 % што е пад во однос на претходниот  месец кога изнесувала 4,53%.

Во споредба со претходниот месец, најголем пораст бил забележан во сегмените: образование (13,1%) и комуникации (5,65%).

Според податоците на Истамбулската стопаска комора, малопродажните цени во Истамбул во март пораснале за 3,39 %.

На 21 март, турската Централна банка одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 500 базни поени поради влошување на инфлацијата.

До крајот на годината се очекува годишната инфлација да падне на 43,75%, што е повеќе од целта која ја определи Централната банка, односно 36%.