Венко Филипче стана патриот. Претседателот на партијата коај го смени името на државата, почна да вели МАКЕДОНИЈА, без северна. Се освести ли старо-новиот претседател на СДСМ и соочен со катастрофата и ТРИ ИПОЛ пати помалку гласови од Заев и ДВАПАТИ помалку дури и од Ковачевски, сега ќе удри на националните чувства кај членството кое во редици чека пред портите на ЗНАМ и троа во Центар кај новите, скапи простории на Левица? Така ли Филипче, избран со саде 18.000 гласови ќе ја консолидира партијата која во 5-та ита кон Пасокизација?
„Ќе бидеме гласни, ќе бидеме искрени и ќе покажеме дека постои алтернатива. Да ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани.“ најави по „силната“ и јасна победа врз самиот себе на партиските избори со еден единствен кандидат Филипче. И така, откако се победи себеси, логично е и да најави силна и консолидирана СДСМ подготвена за борба на сите нивоа, нели?
Филипче, кој освои двојно повеќе гласови од претходниот пат (бедни 9.000, сега „неверојатни“ 18.000, Ковачевски со 39.000, а менторот Заев избран со 59.000 за споредба), потенцираше дека ова не е негова лична победа, туку заедничка победа на сите членови на СДСМ кои веруваат во правичноста, еднаквоста и напредокот – вредности кои, како што рече, денешната Влада целосно ги погазила.
Народот се прашува, како може некој да биде толку патетичен и победувајќи се самиот себеси да тврди дека ова не е негова лична победа, туку заедничка победа на сите членови на СДСМ кои веруваат во правичноста, еднаквоста и напредокот – вредности кои, како што рече, денешната Влада целосно ги погазила?!
Кој Забрчанец само му ги пишува овие глупости, се слушаат ли во СДС што им булазни лидерот, прашуваат гласно граѓаните по социјалните мрежи…