Симулација на полагање државана матура во средните училишта во Штип со цел да се намали стресот кај учениците

Средношколците во Штип денеска беа дел од проектот за симулација на државната матура. Како се одвива процесот на државана матура, колку прашања има, на кој начин се решава тестот. Денеска беа опфатени две средни училишта, а наредната недела ќе продлжи и во останатите. Со ова Општина Штип е првата општина во државата во која симулацијата ќе се реализира во сите средни училишта.

„Ова е е еден проект кој првпат го реализираме годинава и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина. Целта е да се запознаат со процесот на полагање на државна матура. Сметаме дека со ова ќе се подобри квалитето на подобрување на државната матура.“ – вели Санева.

Целта на оваа симулација е да се намали стресот кај учениците при полагање државна матура. На ваков начин тие се соочуваат со чинот на полагање на матура и се веќе подготвени.

„Се случувало во минатото некој ученик да се здобие со здравствени проблеми пред полагање на матура или на самиот чин на полагање матура, се случува одлични ученици да направат грешки. Со оваа симулација ние ќе им го доближиме чинот на полагање на матура на средношколците“ – вели Шалева.

Освен намалување на стресот се овозможува учениците да направат проверка на своето знаење пример по предметот македонски јазик.

„Целта е токму таа да матурантите денеска видат на кој начин тече процесот на полагање на државна матура, да го намалат стресот, а во исто време да направат проверка на своите знаења по предметот македонски јазик.“ – вели Николиќ.

И за учениците ова е од огромно значење, бидејќи може да видат што значи полагањето државна матура и на кој начин се прави тоа.

Симулацијата на државната матура се одвиваше во средното медицинско училиште во Штип, како и во Коле Нехтенин. Беа опфатени по 30 ученици по случаен избор. Матурата траеше четири часа, а тестовите беа преземани од претходните години. Државната матура се полага на 1 и 8 јуни, а во Штип полагаат околу 500 средношколци.

Лаура Стојанова М-Нет