Поврзете се со нас

АТП

Надал се врати со спектакуларен поен и оствари победа на земја по пауза од две години (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал се врати на земјените тениски терени после речиси двегодишна пауза, или поточно после 681 ден од неговиот последен настап на Ролан Гарос во 2022-ра година.

Шпанскиот бик од Мајорка се пријави за турнирот во Барселона кој еден од омилените за него, а поради тоа што значително падна на АТП листата, Рафа играше уште во воведната рунда.

Прв противник на Шпанецот беше Флавио Коболи, но Италијанецот брзо се увери дека нема што да бара против „кралот на земјата, дури и во ситуација кога Надал не е во вистински ритам.

Рафа ги користеше грешките на 62-от светски тенисер за да го добие првиот сет со 6:2, но потоа Коболи го подигна нивото, но истото важеше и за Надал.

Шпанецот одигра неколку спектакуларни поени и на моменти потсети на најдобрите денови, особено во една ситуација кога имаше форхенд винер во трк.

Надал го доби вториот сет со 6:3 и се пласираше во втората рунда, а во оваа фаза ќе има далеку посериозен противник во Алекс Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни