22.8 C
Скопје
16:11 - 2 мај, 2024

Родителите на Кејт Мидлтон банкротираа и должат пари: Не зборуваат со принцезата за долговите

Родителите на Кејт Мидлтон, Керол и Мајкл Френсис банкротираа и им должат на доверителите над 330 илјади долари, пренесува Тајмс.

Семејството на принцезата од Велс имаа личен бизнис, компанијата Party Pieces, но падот на бизнисот се почувствувал за време на коронакризата, а сега сосема пропаднал.

„Керол е очајна да ја натера Кетрин целосно да се фокусира на нејзиното закрепнување. Ова е многу загрижувачки период за семејството, но тие не очекуваат помош од нивните деца. Тие не сакаат нивните деца да се грижат. Кетрин отсекогаш била блиска со своите родители – тие постојано се во контакт. Но, сега секој разговор за бизнис веднаш се прекинува, бидејќи Кејт треба да се фокусира на своето здравје“, рече инсајдер за Тајмс.

Изворот за Тајмс додаде дека мајката на Кејт Мидлтон не можела да ги покрие сите трошоци за надоместување на долгот и дека семејството се соочува со финансиска криза.

На 22 март, Кејт Мидлтон објави дека моментално минува низ раните фази на превентивна хемотерапија. Принцезата рече дека ракот бил откриен за време на тестовите направени по абдоминална операција. Подоцна, кралот на Велика Британија призна дека е горд на храброста на принцезата.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....