2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата станува главен адут за задржување или освојување на власта!

Економијата станува главен адут за задржување или освојување на власта!

Преку разни програми, можности за инвестирање, поволности од државата со години веќе земјава се промовира во странство како одлично мето за отпочнување и водење бизнис. Но, поддршка владата не дава само на странските компании. Милионски суми владата дава и на компаниите од приватниот сектор се со цел да изгради еден партнерски однос со стопнаствениците од земјава. Според информациите кои се пласираат од Илинденска број два за шест години таа финансиска помош е зголемена за близу 13 пати. Опозицијата вели дека владата тотално ја заборавила економијата во земјава. Стопанствениците бараат само услови за водење бизнис

Првично што направи оваа влада е изедначување на условите за финансиска поддшка на домашните и странските инвестиции, велат властите и додаваат дека во 2016 година дирекната помош за домашните фирми изнесувала нула. Од тогаш до денес финансиска помош од владата добиле речиси 1000 компании. Пресметките влелат дека тие компании во овој период инвестирале околу 500 милиони евра во македонската економија, а помошта од државата изнесувала околу 100 милиони евра. Што се однесува до странските инвеститори кои во последниве три години инвестирале во индустриските развојни зони, нивните договори тежат една милијарда евра, додаваат од Владата.

„Владата вложи значителни ресурси во приватниот сектор, што овозможи раст на инвестициите и зголемување на платите, дури и во време на големи предизвици. Поставивме таргет за 500 евра просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќеод времето пред 2017 година. Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ и затоа е важно да се продолжи европскиот пат. Овој пат носи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. Има уште многу што да се сработи“, велат од Владата.

Опозицијата пак смета дека оваа влада нема легитимитет да зборува за економијата, бидејќи според неа во последниве шест години минимален беше придонесот за развој на стопанството. Намасто да се прават напори за развој на приватниот сектор, македонската економија е заглавена на дното по растот на Бруто домашниот производ во регионов. Според ВМРО ДПМНЕ приватниот сектор е стожарот на македонската економија бидејќи го полни државниот буџет и вработува најголем дел од населението. Економските политики според опозицијата мора да се носат со консултации и договори со Стопанските комори и останатите бизнис здруженија, а не да се објавуваат одлуки кои се донесени зад затворени врати, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

„За прв пат во оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто на било која политичка партија, го слушнавме бизнис секторот. Бизнис секторот односно приватниот сектор создаваат над 90 проценти од додадената вредност во економијата и вработуваат најголем дел од населението или над 70 проценти се вработени во приватниот сектор. Приватниот сектор е стожарот на македонската економија кој што го полни Буџетот. И затоа ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период дава сериозна поддршка за развој, за зголемување на конкурентноста за подобрување на усовршувањето, дигитализацијата на претпријатијата и за иновации. ВМРО – ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот, значи и за домашните компании. Реформа која што ќе опфати спојување на повеќе рашткани агенции во моментот на едно место. Значи не ни треба голема бирократија за една работа. Ни требаат квалитетни луѓе и квалитетни програми“, Велат од ВМРО ДПМНЕ.

И власта има свои најави за раст на плати, пензии, рекордна сума на субвенции во земјоделството, капитални инвестиции и слично. Но, бизнис секторот е дециден дека не им се потребни само ветувања и популистички мерки. За оваа држава да оди напред пред се мора да се следат најновите трендови, институциите да се дигитализираат, да се намалат бирократските процедури кои се скапи за фирмите. Да се преиспитаат и намалат дел од царинските и парафискалните давачки, да се стегне администрацијата се со цел таа да биде поефикасна во својата дејност. Бизнисот веќе подаде рака кон идната влада, која и да биде, средби оставрија со сите политички партии и на сите истото им го порачаа, економијата мора да биде приоритетна точка во годините што престојат, во спротивно лошо и се пишува на Македонија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП