Во текот на вчерашниот ден со највисоки воени и државни почести се одвиваше инаугурацијата на Силјановска Давкова како нов претседател на Македонија. На церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Силјановска Давкова беше пречекана од својот претходник.

Го испрати својот претходник и се всели во вилата на Водно. Гордана Силјановска-Давкова е шестата македонска претседателка. За прв во историјата на нашата независност, по петмината мажи, државата ќе ја води жена, која ќе биде и врховен командант на вооружените сили.

Секако, клучен момент за многумина беше тоа што Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија.

Еве што коментираат граѓаните

За неа со бројни пофалби се јавија македонските граѓани. Велат дека државата повторно е горда и достоинствена.

И покрај притисоците, Силјановска Давкова остана принципиелна

И покрај тоа што Силјановска Давкова имаше силен притисок да употреби „Северна“ таа издржа зад притисоците и постапи онака како што сака македонскиот народ, оној кој со големо мнозинство ја изгласа за оваа функција.

Со највисоки воени и државни почести, на церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Сиљановска беше пречекана од својот претходник Пендаровски кој оваа функција ја извршуваше во изминатите пет години.

Заеднички зачекорија по црвената патека каде довчерашните ривали си подадоа рака и одржаа заедничка тет-а-тет средба.

Новоизбраната претседателка стави потпис на свечената изјава и вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека ќе ја врати гордоста на Македонија, слоганот со кој ја бараше и ја доби довербата на претседателските избори.