Силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје

од Radmila Tasevska

Вчера одекнаа силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска окупација, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, МААЕ.

Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата регистрирала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика околу нуклеарката да се воспостави „безбедна зона”.

Вчера руските сили извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ целата земја. Украинската војска соопшти дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот Кинжал. Руските напади беа извршени еден ден откако САД и Германија најавија испорака на модерни тенкови Леопард 2 и Абрамс во Украина.

Слични содржини