Движењето ЗНАМ посветено работи на здравствената едукација на граѓаните и ги слушна нивните потреби

Од:

Денешното саботно претпладне Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го посвети за едукација и интеракција со граѓаните во Скопје. ЗНАМ организираше трибина во просториите на Европскиот Универзитет насловена “Борба со остеопорозата со помош на витаминот Д – неговото височество” предводена од проф. Д-р. Јасмин Циривири – кандидат на пратеничката листа а ЗНАМ во изборната единица 1 и прим. Д-р. Маја Панајотовиќ Радевска.

Трибината беше посетена во голем број, каде што граѓаните покажаа голем интерес за активности од овој вид и исто така ја дадоа својата целосна поддршка за ЗНАМ.

На граѓаните им се обрати и носителот на изборната единица 1 од ЗНАМ – Д-р. Бобан Карапејовски, кој посочи “Сите граѓани треба да имаат слободен пристап до здраствените услуги. Пациентите не треба да бидат клиенти и потребно е пациентите да добијат услуги кои што се квалитетни и достоинствени”.

Д-р Циривири во своето излагање презентираше за борбата против остеопоразата, но и напомена дека “На Македонија и се потребни здраствени реформи. Здравството во Македонија е сведено на многу ниско ниво, здраствен систем веќе воопшто и да не постои каде што докторите и пациентите се деградирани.” Тој посочи и дека “Подобро е болеста да се превенира на време, отколку пациентите подоцна да плаќаат огромни суми и да чекаат долго време за нивно лекување.”

На крајот Д-р Циривири и Д-р Панајотовиќ Радевска остварија средба лице во лице со граѓаните, каде што им понудија совети и препораки, но и ги слушнаа нивните проблеми поврзани со македонскиот здраствен систем и услуги.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни и го избраа својот нов претседател

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он