Во “НАТО во јато”, ама, “се што лета не се јаде”!?

Еден поранешен воен министер знаеше да каже, како во “НАТО треба да итаме во јато”!

Еден поранешен премиер, пред да влеземе во НАТО во јато, божем гуски во магла, беше го прашал татка си: а, бре, тато, зошто не не примаат во НАТО? Дете татино, затоа што сме од Слатино, беше му одговорил родителот.

Шегата настрана, Македонија ja беше задесила судбината во НАТО да ја влечат “специфични” воени министри. Почнувме со Кљусев (“надај се у се и у своје кљусе”!), те продолживме со Паун(овски), те Елен(овски), те Шеќер(инската) за да завршиме со Славијан(ската).

Во “НАТО во јато”, ама “се што лета не се јаде”!?

Кога ја слушам Слав(и)јанка, како се истрчува “испред руде”, односно Стoјанчета од ЦУК-от, како се расфрла со воената “ескадрила!” од 4 расходовани мигови, те со јуришни раздрндани хелихоптери, ми се чини да тргнам истиот момент за Ба(х)мут,се разбира од западната страна на Бахмутка ривер, за да ти покажам вештините од бојното поле.

Шега, не шега, ПШРО ја завршив како “најболји питомац 47-ме класе ЈНА”, а уште и помошник на Ратко Младиќ ( во Охрид, де, не во Книн!), за “морално политички рад”.

Имам уште препораки. Во воената криза, пред О(х)ридскиот договор, “аеропланите” и “елихоптерите”, тогашниот претседател Трајковски, ги доби со посредување на тогашниот амбасадор во Киев, Блажески, “наше горе лист”, од Караорманска шума и Црвена Вода. Затоа, к, ние му приредивме топол прием на тогашниот претседател на Украина Кучма, подоцна во Охрид.

А, имам и забелешки. Влеговме, како влеговме во НАТО, ама не треба да се истрчуваме. “Није злато се што сија”! Не треба и многу да се веселиме, затоа што веселиот пред зори мрзне. А бидејќи секоја втора ни е Трпана, а секој трет, Трајче, тогаш според народниот акаљ: трај си, прај си!Не ни требаат три вола за орање, кога се ора и со два. Од премногу курчење глава боли!

Со Охрид, со Курбиново.. Македонија била запад и пред самиот запад. Никој, и да сака, не може да ни го земе. Затоа имаме право, а и морална обврска, понекогаш, да си кажеме дека не е запад се што доаѓа од колективниот запад. Не дека со тоа ќе поитае на исток, скраја било, ама има времиња кога дневната политика и површната тактика, треба да се заменат со една поосмислена стратегија.

Не е време за истрчување. Не е колективниот запад, она што беше до пред десетина, или дваесет години. Светот глобално се престројува, те малку трпение, не би било на одмет. Кој не верува нека препрочита за што говореа, потпишаа и заклучија кинескиот и рускиот лидер: интеграција, симбиоза, стратешко партнерство…

Зошто ние би се истрчувале, би биле поголеми католици и од папата ( самиот Војтила говреше дека Русија треба да дише со двете белодробни крила- западното и источното), кога самиот запад, ја турка традиционално европската Русија, во прегратката на една Кина, која, кога тогаш, а не во многу далечна иднина, ќе ја преземе хегемонската палка.

Мудриот Кисинџер не велеше така. Тој работеше на мегусебно оддалечување на Кина и Русија.

Големата Евро-азија, чука на вратата на Европа. Кинеската древна мудрост нема да потклекне на предизивок за Пекинг да испраќа оружје во Москва, но Кина секогаш ќе стои зад Русија, затоа што знае дека следната е таа, поврзано со Тајван, а тоа е речиси нуклеарна војна, многу поизгледн од сегашната во Украина.

Кинескиот лидер, веднаш по реизборот се упати за Москва, како што тоа го направи и при првиот избор пред десет години. Мировната иницијатива за Украина од Пекинг е засега единствената, од колективниот запад отфрлена, но нема друга. Кога тогаш ќе биде основа за некаков мир, колку сега да е несовршена и асиметрична. Тоа е прашање на традиција и емоции. Од Александар Невски наваму интерес на Кина е блискост со Русија.

На сцена е нова геополитичка распределба на светот. Нема повеќе еднополарност, тоа го кажува и самиот Борељ во Брисел. Нема и мултиполарност, и таа е заменета со руско-кинеската, односно американската биполарност, на штета на остарената дама Европа и на најдиректна штета на украинскиот народ. Нарад страдалинк, жртва на геополитичките игри и интересите на крупниот капитал.

Кој не верува нека размисли на доближувањето на Иран и Саудиска Арабија, на новите трендови во Африка, директен производ на кинеската дипломатија.

Слепа е политиката на целосно “изнуравање” (војнички израз) на Русија. Тоа не им служи нниту на европјaните, па ноту на Американците како нација Освен на производителите на оружје. Пред се, во САД, но и во Франција и други земји. Пензиската реформа која ќе ја клекн на колена Франција, не е изум на Макрон, туку потревба на крупниот капитал. Зошто би издржувале толку многу пензионери на 62, ако е поевтино на 64 години?

Се на се, паметно е да бидеме во друштво на слоновите, кога од другата страна се хиените, ама, не мора, баш, да им се плеткаме и во нозете!

Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close