Регион

25 годишно момче од Струмица осомничено за убиство на својата баба

25 годишно момче од Струмица осомничено за убиството на 83 годишната жена. Струмичката полиција информира дека вчера го привела П.И. (25) од Струмица под сомнение дека ја убил 83 годишната жена со која бил во роднинаска врска.

Полицијата го сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на жената, од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица.

П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена  кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред  Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор.

Препорачуваме:

Приведени двајца радовишани – кај нив пронајдена марихуана

Ване Трајков

Полицијата открила камион со 42 мигранти

Сузана Мицева

Градоначалникот Костадин Костадинов учествува на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови во Будва, Црна Гора

Ѓ. K.