ТЕРА

REKLAMA???

„ОД ПОЛИЊА СО ТУТУН, ДО УЧИЛИШТА БЕЗ ТУТУН“

Секој втор граѓанин на Македонија е пушач, а се повеќе својата прва цигара ја пушат деца на 8 годишна возраст, вели истражувањето на ЕКТЕР – македонска невладина организација којашто го реализира проектот „Од тутунските полиња до училишта без тутун: Да засадиме здравје во нашата заедница“.

 

Денеска во општина Новаци официјална и рабона посета оствари Неговата Екселенција заменик амбасадорот на Австралија за Србија, Црна Гора и Македонија Фил Андерсон.  Ова е показател  за личната поддршка што и амбасадорот ја дава кон едукативната кампања низ основните и средните училишта низ пелагониските општини што се реализира втора година по ред велат од ЕКТЕР – граѓанска организација  која го реализира проектот. Андерсон придружуван од конзулот Зоран Костовски се сретнаа со претставници на локалната самоуправа, градоначалниокот на Новаци и претставници на училиштата во Новаци и Битола.

„Австралија има многугодишно искуство со проблемот. Во 50те и 60те години (на минатиот век нз.) и Австралија имаше висока стапка на пушење, луѓето не беа свесни за ризите по здравјето , беше популарно да се пуши и сите пушеа, па и децата. Во 70те владата одлучи преку различни мерки да се зафати со тоа прашање. Трошоците на здравствениот буџет стануваа огромни, па воведовмне различни политики во 70те и 80 години забрануваји го рекламирањето, тв содржините, предупредувања на пакетите со цигари, зголемување на данокот  и  сите беа успешни.“- вели Фил Андерсон.

Од 2023 година Австралија има само 10% возрасни пушачи од вкупното население, има Национална антитутунска стратегија за периодот 2023 до 2030 година и се надева  дека во 2030 година ќе има помалку од 5% пушачи во вкупното население. Но се соочува и со нов проблем кој настана  со прилагодувањето на тутунската индустрија кон променетите услови на пазарот.

„Сега се соочуваме со проблемот вајпинг – пушењето на електронски цигари . Тутунските компании согледаа дека традиционалното пушење се намалува, па сега ги рекламираат електронските цигари на младата популација во популарни бои и дизјан што дури и деца под 10 години почнуваат да ги користат. И, за разлика од традиционалната цигара, не мириса па децата може лесно да ги користат дома и на места кадешто родителите неможат да разберат, Па, нашата сегапна стратегија е концентрирана кон справување со вајпингот во училиштата.“ – рече денеска заменик амбасадорот Андерсон.

Пелагонија е место кадешто се произведува и суровина и готов производ. Тутунот во Македонија се смерта за стретешка култура која во последните години е најмногу субвензионирана, се преценува дека од производствои на тутун живеат десетици илјади домажинства и дека во вкупнот БДП учествува со 8-9%/ .

А Новаци е една од општините кадешто семејствата живеат од продажба на тутунот. Но Новаци е и општина од којато многу граѓани станале дел од животот на различни австралиски градови, па оттука и културтата која се развива таму овде е пренесена, се споделуваат информации. Локалната власт на Новаци и градоначалникот го поддржуваат напорот на австралиските претставници овде. Македонија е земја на тутунот, ама ова е прашање на здравјето, вели градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски.

„Не би рекол дека претставува некаков проблем што денеска ја направивме оваа работилница, напротив, нашата насока е да ги мотивирамеи едуцираме младите луѓе да не посегнат по овој лош порок, а производителите на тутун , и тоа го разговарамве на денешната средба со заменикот амбасадор можеби ќе треба заеднички, тие како поразвиена демократија да направиме вакви работилници со кои земјоделците би ги насочиле во некој друг тип на земјоделсмко производство коешто би било подоходовно, порентабилно во иднина.“

За нештата да се променат потребна е сеопфатна активност и поддршка  за системски решенија кадешто локалната и централната власт би застанале зад иницијативите на невладиниот сектор со специфична програма во наставната програма.  Пушењето во Македонија е социјално прифатено однесување. Вели проф. Д-р Наташа Трајкова Најдовска.

„Децата посегнуваат по цигара на мала возраст, 8 -9 години. На таа возраст е притисок од другарчињата, но може да биде и некое домашно искуство од родител којшто пуши. Скоро секое второ дете е изложено на тутун, дури и во домот, затоа што имаме многу висока преваленца на пушење којашто изнесува дури 50% , секој втор граѓанин на нашата земја фактички пуши и тоа создава една култура на социјална прифатеност којашто децата ја гледаат околу себе . Оттука, можеби треба да поработиме и на менување на тој менталитет, заедно со училиштата заедно со родителите, локалните власти. “

Австралиската амбасада има капацитет и желба да ги помогне граѓаните во Македонија и го прави тоа, вели конзулот на Австралија Зоран Костовски.

„Ова е еден од многуте проекти, навистина се вложува труд и оние средства во рамките на буџетите да се помогне населението тука. Во овој момент ова е еден од позначајните проекти за пушење, меѓутоа имаме и доста значајни проекти, како да се зголеми вработеноста на младите, како да се подобри животниот стандард на жените дали преку работа или некои други ангажмани во руралните области, како да се помогне на маргиналните групи.

Toj денеска ги покани граѓанските организации да ја следат работата на оваа амбасада, којашто е лоцирана во Белград но има надлежност за работи кои се однесуваат и на Србија и на Црна Гора и на Македонија.