Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ќе им парира на шпански ривали за потписот на фудбалер на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Барселона и Атлетико Мадрид беа клубовите досега поврзувани со трансфер на Мејсон Гринвуд претстојново лето, но „Газета дело Спорт“ тврди дека интерес за англискиот фудбалер има и кај Јувентус.

Спортскиот директор Кристијано Џунтоли ги следи настапите на Гринвуд во редовите на Хетафе и истите го натерале сериозно да размислува за негово ангажирање во летниот преоден рок.

Гринвуд импресионираше со своите настапи како позајмен играч, а се чини дека Манчестер Јунајтед ќе сака да го продаде во текот на летото и целосно да ја заврши соработката со големиот талент кој долго паузираше поради обвинението за сексуален напад и силување.

Фудбалерот беше ослободен од обвинувањата од страна на судот, но речиси сигурно нема да добие нова шанса на „Олд Трафорд“, каде може да размислуваат само за цената која ќе ја одредат за Гринвуд.

Англиските медиуми тврдат дека дури и да му биде понудена опција за враќање во составот на „црвените ѓаволи“, самиот фудбалер би побарал да биде продаден затоа што е разочаран од начинот на кој клубот се однесувал во најтешките моменти во неговиот живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни