Фотографирано гласачко ливче во Штип

Фотографирање на гласачко ливче регистирано во Штип. На прес конференцијата на Тони Ангеловски, потпарол на Министерството за внатрешни работи вели дека нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето. Гласањето се одвива мирно и без проблеми. Регистирани се две фотографирања на гласачко ливче во Штип и Скопје.

До сега е регистрирано фотографирање на гласачко ливче, едно во Скопје и едно во Штип. Покрај тоа во Бучим радовишко, имаме едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се превземаат мерки за расчистување на случаите.

Инаку и во Бучим , едно лице го покажало своето гласачко ливче на набљудувач. Ангеловски посочи дека за сите овие настани превземени се мерки за расчистување на случаите.

Лаура Стојанова М-Нет