Никол Кидман е прва австралиска актерка која доби награда за животно дело, а сите зборуваат за нејзините ќерки

721
EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Актерката Никол Кидман ја доби наградата за животно дело на Американскиот филмски институт (AFI), со што стана првата австралиска актерка што ја доби наградата.

Никол ја придружуваа нејзиниот сопруг Кит Урбан и нивните ќерки, петнаесетгодишната Сандеј и тринаесетгодишната Фејт кои го украдоа сето внимание, бидејќи за првпат се појавуваат на јавен настан покрај својат мајка.

„Привилегија е да се снимаат филмови“, изјави Кидман на церемонијата на доделување награди, пренесува Би-би-си.

На актерката од филмот „Мулен Руж“, престижната награда и ја врачи нејзината колешка и трикратна оскаровка Мерил Стрип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)