ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Од:

Владата е изненадена што УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот, наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање, рече денеска портпаролката на Владата, Марија Митева зборувајќи на прес конференција за протестот на дел од јавната администрација

Митева рече дека Владата е подготвена да разговара на секоја тема, но потенцираше дека секој штрајк треба да биде организиран во согласност со законот, да биде спроведена и постапката за помирување која е задолжителна и да се определат можни работи кои мора да се вршат.

-Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и остава силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран. Владата е отворена за секаков вид на предлози и сугестии, рече Митева.

-Интересно е што изминативе години, овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на синдикатот кој што делува како продолжена рака на партиите кои досега ги злоупотребуваа правата на работниците, додаде Митева.

Владата не е задоволна од нивото на платата на администрацијата, но, тврдат дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски