Јокиќ и Дончиќ ќе го предводат Западот на олстар-викендот, само Бруклин има двајца кошаркари на НБА-спектаклот (Фото)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ќе бидат стартери во петорката на Западната конференција на олстар-викендот во Солт лејк сити од 17-19 февруари, а на спротивната страна, во почетните пет на Источната конференција ќе биде единствениот тандем од ист тим, Кајри Ирвинг и Кевин Дурант, коишто играат за Бруклин нетс.

Гласањето заврши, а сега останува само да нема повреди и измени и Дончиќ и Дурант да ги надминат повредите и да бидат подготвени за настап.

Во стартната петорка на Истокот се: Кајри Ирвинг, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Кевин Дурант и Јанис Адетокумбо.

Многу атрактивно изгледа и Западната конференција со големите ѕвезди, Стефон Кари, Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Зајон Вилијамсон и Никола Јокиќ како стартери на олстар спектаклот.

- Оглас -

Најнови вести