Поврзете се со нас

Европски првенства

Мбапе директен: Имаме играчи кои се најдобри на своите позиции, нашата цел…

Објавено

на

Франција имаше фуриозен старт на квалификацискиот циклус за Европското првенство, победа над Холандија од 4-0.

Сега за „триколорите“ следи гостувањето кај Република Ирска, а пред истото новиот капитен на националниот тим, Килијан Мбапе порача дека овој тим нема оправдувања и едноставно мора да цели да го освои шампионатот во 2024 година.

-Јасно е ако погледнете на хартија, ако се поставам на местото на оние кои на телевизија ги гледаат натпреварите и си помислуваат како овој тим не ги освојува сите трофеи? Немаме проблем да кажеме дека играме во најдобрите клубови во светот, имаме играчи кои веројатно се најдобри на нивните позиции. Сега зависи од нас да го претвориме ова во тим, затоа што многу играчи си заминаа, но ние мора повторно да продолжиме и да освојуваме титули. Целта за почеток е да се квалификуваме за ЕП 2024 година, а потоа, се разбира и да се обидеме да го освоиме, -истакна ѕвездата на ПСЖ.

„Галските петли“ имаа две титули на ЕП, последната е во 2000 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни