Најконтроверзниот настап на првата евровизиска вечер! Претставничката на Ирска на сцената изведе „обред“, носеше рогови, танцуваше со „ѓаволи“

401

Вечерва, се одржува првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија. На големата сцена на арената Малме, настапи Бамби Таг, која се декларира како небинарна личност.

Претставничката на Ирска имаше многу впечатлива сценографија

Нејзиниот сценски настап, кој вклучуваше рогови, свеќи поставени во круг и бројни сатанистички симболи, дефинитивно привлече внимание и предизвика бурни реакции кај гледачите. Инаку, Бамби ја изведе песната „Doomsday Blue“, која се издвојува по „потешкиот“ звук и темпото во споредба со другите нумери кои се натпреваруваат. Покрај тоа, нејзиниот визуелен идентитет, тешката шминка и интензивните изрази на лицето придонесоа за создавање на незаборавно сценско доживување.

Како што веќе се коментира на социјалните мрежи, според фановите на популарното натпреварување, ирската претставничка само што извршила ѓаволски ритуал во Малме, а во еден момент дури и „фрлала клетви и магии“, за да го заврши настапот со фразата „крунисајте ја вештерката“. Некои отидоа и чекор подалеку и побараа Ирска веднаш да биде дисквалификувана.