19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbus“ доби нарачка за 292 авиони од кинески компании

„Airbus“ доби нарачка за 292 авиони од кинески компании

Четири кинески авиокомпании ќе купат вкупно 292 авиони од моделот „Airbus A320neo“ за 37 милијарди долари, соопштија компаниите во одделни соопштенија.

„China Eastern“ соопшти дека ќе нарача 100 авиони „Airbus A320neo“, а „China Southern“ соопшти дека ќе купи 96 авиони од истиот модел.

„Air China“ и нејзината филијала „Shenzhen Airlines“ го потврдија купувањето на 96 авиони од ист тип, а „Air China“ изјави дека сака да ја оптимизира структурата на својата флота и да има дополнителен капацитет на долг рок.

Нарачките доаѓаат по извонредната година за „Airbus“, обележана со рекордни профити, добредојдено закрепнување по пандемијата што му даде на европскиот производител додаде елан против американскиот ривал „Boeing“.

„Airbus“ ги потврди нарачките дадени од четирите кинески компании за „вкупно 292 авиони од моделот А320“.

„Ова укажува на позитивно закрепнување и поволна перспектива за кинескиот авијациски пазар“, велат од „Airbus“, додавајќи дека нарачките се исто така резултат на долги и детални преговори што се водеа во текот на тешкиот период на пандемијата. Кина е еден од најголемите светски пазари за продажба на авиони.

Продажбата на „Boeing“ во последниве години беше зафатена од проблемите со неговиот модел „737 Max“, кој беше приземјен 20 месеци по две смртоносни несреќи, и кој постепено почна да лета повторно кон крајот на 2020-та година. Кинеските власти одобрија враќање на авионот „737 Max“ кон крајот на 2021-ва година, откако ја изменија неговата безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП