Поврзете се со нас

Шпанија

Пике ироничен за случувањата во Барселона: Кој треба да си замине сега?

Објавено

на

Жерард Пике си замина од Барселона и стави крај на кариерата уште пред паузата која следеше на средина на сезоната, а осум месеци подоцна, гледа дека работите се уште не одат на подобро во клубот.

Поранешниот капитен си замина во недостиг на минутажа и поради константните критики дека седи во клубот за да ја добива својата плата, но реалноста покажа дека Барселона има големи проблеми со финансискиот фер-плеј и по ослободување од важни плати како оние на Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Заминувањето на двајцата капитени беше добра причина за Пике да испрати „отровна стрела“, односно да им одговори на сите оние кои ги критикуваа ветераните во последните години.

– Со радост си заминав од Барселона бидејќи му дозволи на клубот да го потсреди буџетот. Сепак, и покрај тоа, изгледа дека се уште има финансиски проблеми. Се прашувам само едно нешто, кој треба да си замине сега?

– Велеа дека одговорни за кризата во клубот сме капитените, но сега со Бускетс и Алба си заминавме сити, а Барселона се уште не може да купува играчи, – иронично порачува Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни