Поврзете се со нас

Англија

Дерби провокации: Вајт со луда тактика се обидуваше да го вознемири голманот на Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Арсенал оствари многу важна победа во битката за титулата во Премиер лигата и славеше на тешкото гостување кај најомразениот ривал, бидејќи добро познато е колку голема е нетрпеливоста меѓу „топчиите“ и „петлите“.

Тотенхем даде се од себе за да се врати во игра и внесе неизвесност откако губеше со 0:3, но на крајот стигна само до 2:3 и не успеа да го наруши славјето на гостинскиот тим.

Избраниците на Микел Артета одиграа перфектно во првото полувреме и постигнаа три погодоци, меѓутоа дефинитивно најопасни беа од корнери и при прекин играта.

Два погодоци пристигнаа од вакви ситуации, а во една од нив Бен Вајт се обидуваше да го вознемири Викарио на најлуд можен начин.

Дефанзивецот на Арсенал со маалска финта се обидуваше да му ја одврзе ракавицата на голманот на Тотенхем, па тоа беше доволно видеото да стане вирален хит на социјалните мрежи.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни