EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, ќе биде во тимот на САД на претстојните Олимписки игри во Париз. Како што објави ЕСПН, генералниот директор на националниот тим, Грант Хил, претходните денови разговарал со повеќето од повиканите играчи, а последен кој ја прифатил поканата за настап бил Ленард.

Кошаркарската федерација на САД сè уште го нема официјално објавено составот за Игрите, но ЕСПН објави дека Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс, Стивен Кари од Голден стејт, Кевин Дурент од Феникс, Џејсон Тејтум од Бостон и Џоел Ембид од Филаделфија се веќе на списокот. Од другите, тука се и: Ентони Дејвис од Лос Анџелес лејкерс, играчот на Феникс – Девин Букер, Ентони Едвардс од Минесота, Џру Холидеј од Бостон, центарот на Мајами – Бем Адебајо, Тајрис Халибартон од Индијана и Каваи Ленард од Лос Анџелес клиперс.