Сите ги практикуваат, стоматолозите ги забрануваат: Грешки во оралната хигиена што можат да ве чинат

909

Ако ја плакнете устата веднаш по миењето на забите, треба да престанете да го правите тоа, советуваат стоматолозите.

За оралната хигиена учиме уште од мали нозе. Сепак, многумина го забораваат или занемаруваат наученото, па прават грешки кои можат да ги чинат здравјето на забите.

За да ги одржувате вашите заби здрави, треба да ги следите советите на овие 3 стоматолози.

1. Правилото за две минути
Правилното четкање на забите мора да трае најмалку две минути, советува стоматологот Роберт Крим.

– Миењето заби најмалку две минути е добар начин за подобрување на оралното здравје. Пастата ќе стигне до секоја површина, а флуоридот ќе има можност да формира слој на забната глеѓ – рече тој.

Стоматологот Грег Гелфланд исто така наведува дека постои правилен начин да се држи четката за да се искористи нејзиниот целосен ефект.

– Четката секогаш држете ја под агол од 45 степени во однос на површината на забите. На овој начин влакната стигнуваат до непцата и ги извлекуваат бактериите од нив – наведе тој.

2. Не ја плакнете устата веднаш
Кога правилно ќе ги измиеме забите, знаеме што ќе се случи следно – повеќето луѓе ја испуштаат водата од чешмата, ја плукаат пастата од устата и потоа ја плакнат устата со вода за да ја отстранат пастата. Но, тоа е грешка!

– За да ги максимизирате придобивките од флуорот, не ја плакнете устата веднаш по четкањето. Можете да ја исплукате пената од паста за заби, но обидете се да не ја исплакнете устата со вода дури и неколку минути. На пациентите им советувам да го одложат плакнењето дури до 30 минути – изјави Гелфланд.

Посебно е важно тоа да го правите откако ќе ги измиете забите навечер.

– Бидејќи во текот на ноќта, кога спиеме, телото произведува помалку плунка, нашите заби се помалку заштитени од бактериите што произведуваат киселина. Флуоридот кој успеал да остане на забната глеѓ дава дополнителна заштита на забите додека спиеме – изјави стоматологот Гелфланд.

3. Користете забен конец – но пред миење!
Според стоматологот Сет Хорн, луѓето се поделени на оние кои користат забен конец пред четкање и оние кои го користат после. Правилно е да користите конец пред да ги четкате забите, за да го исчистите просторот помеѓу забите.

Хорн смета дека е подобро така бидејќи наслагите што се насобрале меѓу забите се темелно исчистени, а потоа четката и пастата влегуваат во игра за да се отстрани сѐ останато.