ВИДЕО: Еве еден генијален начин да се ослободите од стресот

283

Колку пати на ден чувствувавте голем стрес додека ги извршувате работните задачи? Количината на стрес со која не знаевте како да се справите, па влеговте во конфликти со колегите или едноставно стигнавте до фаза кога се откажавте и викнавте во себе: „Не можам повеќе, си одам дома“.

За жал, некои не можат да си дозволат да си одат дома, а една корисничка на социјалната мрежа TikTok покажа како таа и нејзините колеги се справуваат со стресните ситуации на работа, а главен помошник им е просторијата за паника.

@bujinoras when your job has a panic room #panicroom #jobhumor ♬ original sound – Olga | lifestyle&fashion

Вработената и посочила дека се затвора во звучно изолирана просторија, а потоа почнува да вреска, а откако ја исфрлила сета негативна енергија, среќна ја напушта собата. Дали би сакале да имате вакво нешто на вашето работно место?.