ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува пролетниот распуст за учениците

Почнува пролетниот распуст за учениците

Основците и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст една недела, од понеделник 29 април до 6 мај. Од Унијата на средношколци велат дека слободните денови максимално ќе се искористат за завршни оценки.

„Пролетниот распуст е многу добар за сите ученици бидејќи дава простор за одмор но и време да се подготват за оценките од второто полугодие. Забележано е дека професорите даваат проектните задачи, часовите и подготовките за тест, сега да се подготват на пролетниот распуст“, рече Берин Мухамед, УС.

Во меѓувреме, децата од основното образование рекоа дека покрај подготовките за учење, ќе имаат време и за спортски и културни активности.

„Овој пролетен распуст ќе биде многу добар за нас бидејќи ќе имаме повеќе време да вежбаме за тестовите и за оценките за крајот на годината“, рече една ученичка.

„Во овој пролетен распуст ќе се подготвуваме и за крајот на годината и ќе имаме време за други активности“, рече една ученичка.

На 7 мај, кога учениците ќе се вратат на училиште, ќе работат со пократки часови поради парламентарните и вториот круг од претседателските избори, додека на 8 мај нема да работат Наставата од два неработни дена поради изборите ќе се компензира во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата, а не во сабота. Треба да се надополнат и пропуштените часови од 30 ноември кога се организираше Самитот на ОБСЕ./Алсат.мк

Мелихате Руустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button