Top Sport

Мароканскиот голман Боно ја испеа химната, му се слоши, па беше заменет пред стартот на мечот

Мечот Мароко-Белгија, покрај тоа што ни донесе импресивна 2:0 победа на африканската репрезентација, ни донесе една бизарна ситуација во која нивниот прв голман, Јасин Буну, попознат како Боно беше заменет пред да започне мечот.

Голманот на Севилја истрча на теренот, ја испеа мароканската химна, но веднаш беше заменет пред да започне мечот и Мохамед Мунир беше неговата замена на голот, успевајќи да ја сочува својата мрежа.

Scroll to Top