Search

6 милиони прегледи: Јазовичар за прв пат на плажа, неговото однесување ќе ве насмее

ВИДЕО од малиот јазовичар Ралфи ги воодушеви корисниците на TikTok. Неговиот сопственик го снимил своето прво патување на плажа и неговото преслатко однесување додека трчал кон неа. Видеото стана хит на TikTok за еден ден и беше прегледано повеќе од шест милиони пати.

Младото куче никогаш досега не трчало по песок, ниту било на плажа, но судејќи по неговата прва реакција, ќе ужива во секоја идна посета. Видеото ги воодушеви корисниците на TikTok, а луѓето во коментарите напишаа дека кучето е многу слатко.

Најново

Последни колумни