🎥Само во Иран – голман суспендиран поради гушкање навивачка

од Симе Стоиков

Иранската фудбалска федерација го суспендираше голманот на Естеглал, Хосеин Хосеини на еден натпревар поради прегрнување на навивачка кој втрча на теренот и го прекина натпреварот.

Тоа беше натпревар помеѓу Естеглал и Алуминиум Арак одигран на 12 април.

Во еден момент споменатата навивачка го избегна вниманието на стјуардите, истрча на теренот и му пријде на голманот Хосеини, кој ја прегрна кратко. Не можеш ни да кажеш дека се прегрнаа, повеќе како да ја потпира едната рака на нејзиниот грб.

Според иранските стандарди, тој направил неприфатливо и казниво „дело“.

Во оваа исламска земја каде жените се сериозно обесправени, строго е забрането мажот да прегрнува жена надвор од неговите четири ѕида.Така Хосеини се најде во неволја.

И покрај тоа што е репрезентативец, човекот кој го бранеше голот на Иран на Светското првенство во Катар, Федерацијата не му „прогледа низ прсти“ и следуваше казна.

Слични содржини