Хумелс: Мбапе може да биде запрен само на еден начин…

Борусија Дортмунд успеа да ја сочува незатресена мрежата на Кобел на првиот меч со ПСЖ, но „милионерите“ се свесни дека потешкиот дел од задачата следи вечерва – да се повтори истиот успех на гостувањето на „Паркот на принцовите“.

Јасно е дека францускиот првак ќе тргне во офанзива од самиот почеток за да ја надополни негативата од еден гол од првиот меч, а дефанзивците на Борусија ќе имаат полни раце работа да го запрат атомскиот напад на ПСЖ. Во главна улога се очекува да се најде Килијан Мбапе, кој според искусниот дефанзивец Матс Хумелс може да биде запрен само на еден начин.

„Мораме да бидеме будни во текот на сите 90 минути. Мбапе можете да го запрете само со колективна одбрана, никако „еден на еден“. Ако само за момент еден од нас „заспие“, тој ќе побегне и ќе го реши мечот, не смееме да дозволиме такво нешто да се случи. Исто така, Мбапе е само еден од низата опасни фудбалери на ПСЖ, не смееме да се фокусираме само на него бидејќи останатите ќе знаат да го казнат тоа“, изјави Хумелс.

Се вчитува...