Промовирана  монографијата „Пехчевска фудбалска хроника“

Во пензионерскиот дом во Пехчево, во присуство на голем број љубители на фудбалот беше промовирана монографијата „Пехчевска фудбалска хроника“ чиј автор е Никола Михаиловски. Промотори на монографијата беа легендата на спортското ноинарство  во Македонија Атанас Костовски и новинарот Иван Станоев, автор на повеќе книги за спортот во Струмица.

Монографијата „Пехчевска фудбалска хроника“ е напишана како резултат на повеќедецениско следење на случувања поврзани со фудбалот во Пехчево и неговата околина. Основен мотив на авторот за пишувањето на монографијата беше неговата голема желба да остави материјал кој трајно ќе сведочи за фудбалската љубов на жителите на Пехчево и неговата околина. Во монографијата се опишани најзначајните фудбалски настани, имиња на тренери, најдобрите фудбалери, објавени се и извештаите од најважните натпревари и резултати од фудбалската историја на Пехчево, опфатени во периодот од 95 години откако беше формиран првиот фудбалски клуб во градот ,ФК Буковик 1934 година.

По Буковик, клубот го смени името во „ Ванчо Китанов“, потоа во Напредок, Кит -Го, Пехчево и на крајот во Локомотива  Пехчево. Во својата фудбалска историја  клубовите од Пехчево имаат играно во Штипскиот потсојуз, Брегалнички регион, Меѓурегионалната лига, Трета лига –исток, Втора лига-исток и на крајот и во Единствената Втора лига на Македонија .

Во монографијата е опишан и еден своевиден рекорд на клубот Кит-Го, кој во сезоната 2018 година во Третата лига-исток го освои првото место  без пораз, со само една нерешена игра, со постигнатите 120 гола, примени  само 15

За жал тоа беше убава фудбалска историја на Пехчево, градот во источна Македонија во кој последната година нема фудбалски натпревари. По онаа несреќна фузија минатата сезона со скопска Локомотива, денес под името Локомотива Пехчево се натпреварува во Третата лига-север заедно со Куманово, Шкендија од Арачиново, Еуромилк ,Фортуна, Кадино, Петровец, ССК Драчево, Раштак, Ринија… своите  натпревари ги игра на игралиштето во скопското село Илинден. На табелата е на претпоследното место, пред испаѓање и од оваа лига.

   М.М

Се вчитува...