Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Од:

МВР извести дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле Б.М.(32) од Штип.

При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.

„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски