Поврзете се со нас

Англија

Млад фан на Челси ги посрамоти ѕвездите на Покетино со пораката на „Емирејтс“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Челси постави два историски анти-рекорди на вчерашното дерби против Арсенал, бидејќи го претрпе највисокиот пораз во меѓусебните пресметки со „топчиите“, а од друга страна прими најмногу голови во една сезона од постоењето на Премиер лигата (57).

Поразот од 5:0 дојде само неколку дена по елиминацијата од Манчестер Сити во полуфиналето во ФА Купот, па не само што тимот веќе нема никакви шанси за трофеј, туку веќе нема ни мотив за што да игра во последните неколку кола.

Завршницата од првенството ќе биде вистинско мачење за навивачите на Челси, а вчерашното понижување од градскиот ривал беше одбележано и од една порака која стана хит во Англија.

Млад фан на Челси ја имаше најдобрата порака за ѕвездите на Маурисио Покетино, па бидејќи истата беше навистина брутална, стигна да ја коментира и капитенот Конор Галагер.

– Не го сакам вашиот дрес!!! Сакам да се борите за нашиот!

– Не е дека не се бориме за овој дрес, даваме максимум, но тоа не е доволно. Им значи дресот на сите во тимот, но ова е млад тим кој нема искуство во Премиер лигата. Имавме многу подеми и падови и се уште работиме на тоа да стигнеме до некое следно ниво како тим. Знаеме дека ова не е доволно, – изјавил Галагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни