Паника во Хрватска, граѓаните се исплашени, какви се тие правилни кругови што се појавија на небото!? (Фото)


Се чини дека виновникот за бизарната глетка веќе е откриен.

Жителите од околината на Загреб и Загорје останаа во чудо откако, како што опишуваат, „бели линии го исцртаа синото небо“. Други велат дека никогаш не виделе нешто слично.

Но, изгледа дека виновникот за бизарната глетка веќе е пронајден.

Имено, според веб-страницата Flightradar, авион прелетал над небото на северна Хрватска во утринските часови во неделата. Станува збор за Beech B200C Super King Air на белгиската компанија ASL group, кој својот лет го заврши околу 11 часот.

Компанијата Ер Сервис Лиеж во рок од 24 часа потврди дека тоа е нивниот авион, кој вообичаено се користи за пренос на сигнали на спортски настани, а денеска е последниот ден на WRC во Хрватска Загорје.