Здрава пита со сирење од неколку состојки: Ќе стане вашиот нов омилен ручек

20 април, 20240
62800570-ftines-pita-jelene-maric

Доколку сакавте да подготвите нешто вкусно и навистина лесно за ручек или вечера, прочитајте ги следните редови бидејќи имаме рецепт за фитнес пита. Покрај тоа што е нискокалорична, таа е готова за кратко време и одлично оди со чаша јогурт.

Состојки:

500 гр крем сирење
1 јајце
180 гр корнфлекс
250 мл јогурт
прстофат сол

Подготовка:

Во сад ставете сирење, јајце и јогурт, убаво измешајте и додадете една лажичка сол.
Додадете ги корнфлексот и соединете ги сите состојки во компактна смеса која треба да биде прилично густа.
Со хартија за печење обложете калап со дијаметар од 28 сантиметри, па истурете ја смесата и добро израмнете ја. Можете да користите и помал калап, но тогаш питата ќе биде малку подебела.
Печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени без вентилатор.
Послужете топло или ладно, со омилената пролетна салата или чаша јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi