Хорор во Измир: со ракета тешко ранет фан на Гозтепе, голманот на Алтај треснат со стап по глава (Вознемирувачко фото+Видео)

Натпреварот помеѓу Гозтепе и Алтај од втората турска лига, кој се играше попладнево, е прекинат, поради тешки инциденти на трибините и теренот.

Ова е градско дерби, двата тима се од Измир, па тензиите на трибините беа големи. Први проблем наптавија фановите на Алтај кои испукаа огнометна ракета кон трибината на која се противничките фанови и погодија еден поддржувач на Гозтепе кој целиот беше во крв и пренесен во болница.

За да се одмазди, еден фан на Гозтепе ја искористи ситуацијата додека амбулантното возило беше на терен, и со корнер знаменце со удри по глава и го „патосираше“ голманот на Алтај.

- Оглас -

Најнови вести