Поврзете се со нас

Европски првенства

Лам го издвои фаворитот за титула на ЕП: Тие имаат 40 играчи кои се многу талентирани

Објавено

на

foto:twitter.com/philipplahm

Полска, Украина и Грузија се последните селекции кои обезбедија место на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одигра во Германија и тоа низ 10 градови на оваа земја.

Групите се комплетирани и сите фанови со нетрпение ќе го очекуваат настанот кој дефинитивно ќе го одбележи летото на фудбалски план.

Полска, Украина и Грузија ги грабнаа последните билети, ова се групите за ЕП (ФОТО)

Се очекува да има доста изедначен, квалитетен фудбал, но според легендарниот германскии ас, Филип Лам има една селекција која се издвојува и која е прв фаворит за трофејот кој во моментов го држии Италија.

-Франција е фаворит. Едноставно затоа што имаат, би рекол 40 играчи кои се многу талентирани. Имаат многу избалансирана група и можат лесно да направат промени, да донесат играчи од клупа кои легитимно би можеле да бидат стартери, но она што е најважно е да се биде тим на теренот, -порача Лам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни