Во КПУ Затвор Штип гласаат 203 избирачи од 40 општини од државата, гласањето се одвива без проблеми

Навремено започна гласањето и во КПУ Затвор Штип. 203 затвореници имаат право на глас од 40 општини од државата. Пресекот направен во 11:30 часот покажува задоволителна излезност на гласачите, односно своето право ан глас го оставриле 35% од избирачите.

„Во ова избирачко место има лица од 40 општини од нашата држава и според избирачкиот список на кои има 203 гласачи до 11:30 часот излегле 72, а тоа преставува околу 35%. Избирачкото место е отворено точно навреме во 7 часот и излезноста е на завидно ниво“ – вели Крстова.

Инаку, на гласачките места во 14 казнено-поправни установи во државата своето гласачко право денеска ќе може да го остварат 2.147 гласачи, истакнуваат од ДИК. Сите гласачки места во казнено-поправните установи беа отворени утрово во 7 часот.

Лаура Стојанова М-Нет