Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на 31 март (недела) со почеток во 9 часот поради одржување на атлетска трка на 10 километри ќе има посебен режим на сообраќај.

Трката ќе се одвива од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти МВР.

Оттаму апелираа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полицајците по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.