• недела, 12 мај 2024

Јужен Судан ги укинува даноците што доведоа до суспензија на акцијата на ОН за достава на храна

Јужен Судан ги укинува даноците што доведоа до суспензија на акцијата на ОН за достава на храна

Џуна, 4 мај 2024 (МИА) – Владата на Јужен Судан, на барање на Обединетите нации, ги укина неодамна воведените даноци и давачки што доведоа до суспензија на испораката на помош во храна до населението со падобран од авиони, од што зависат животите на илјадници луѓе.

Засега ОН не соопштија кога би можеле да продолжат испораките на храна од воздух.

ОН оваа недела ги повика властите во Јужен Судан да ги укинат давачките воведени во февруари-такси за електронско следење на товарот, за обезбедување придружба и гориво.

Агенцијата на ОН за хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека прекинот на испораката на храна со падобрани во март лиши од храна 60.000 луѓе во недостапните области и дека очекува бројката да се искачи на дури 135.000 до крајот на мај.

Според ОН, потребна е заштита и хуманитарна помош за девет од 12,5 милиони жители на Јужен Судан, каде што се повеќе луѓе пристигнуваат бегајќи од војната во соседен Судан. јт/

Фото: ОЦХА

Остани поврзан