Трагедија: Фудбалер почина откако со главата удри во ѕидот покрај теренот (Видео)

Младиот аргентински фудбалер Анхел Оједа почина по трагедијата која се случи за време на еден фудбалски натпревар. Оједа, кој имаше само 20 години, настрада откако за време на натпреварот удри со главата во ѕидот покрај теренот.

Се играше второто полувреме кога Оједа беше во дуел со еден противнички играч, а потоа ја загуби рамнотежата, падна и директно со главата удри во ѕидот. Веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда.

Реагираа лекарските екипи, несреќниот фудбалер беше пренесен во болница, а таму, за жал, не успеаја да го спасат неговиот живот.

- Оглас -

Најнови вести