• петок, 26 април 2024

Одлука на Советот на амбасадори на ОСТЕН за главните награди на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024

Одлука на Советот на амбасадори на ОСТЕН за главните награди на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024

Скопје, 17 април 2024

 

Имам задоволство да ги соопштам новините во организацијата на новото издание на меѓународното биенале за визуелни уметности ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје и да ја соопштам одлуката на Советот на амбасадори на ОСТЕН за главните награди на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024:

Добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување е Микеланџело ПИСТОЛЕТО (Michelangelo PISTOLETTO, b. 1933 http://www.pistoletto.it/eng/home.htm) – италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.

Наградата СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО се доделува на Вангел НАУМОВСКИ (https://surrealism.website/Naumovski.html) – еден од најголемите македонски ликовни уметници кого теоретичарите го сврстуваат во редот на самоуките надреалистички сликари – сосем пригодно да се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 - 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 - 2024).

На ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024, Советот на ОСТЕН одлучи „земја во фокус“ да биде ИТАЛИЈА. Веќе сме во соработка со Лина Дамиани, координаторот за Италија која ќе анимира италијански уметници, а соодветна најава на оваа одлука е организирање на изложбата „Тркало на времето“ од извонредниот италијански уметник Марко Бањоли (http://www.marcobagnoli.it), која ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје ја организира во НГМ – Чифте амам од 23.4. до 5.5.2024 во соработка со својот партнер ЗЕРИНТИЈА (ZERYNTHIA http://www.zerynthia.it) – Асоцијација за современа уметност од Рим, а со поддршка на Италијанскиот институт за култура и Италијанската амбасада Скопје (за овој настан ќе ви известиме подетално и навремено во посебен е-маил).

Најавната програма на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024 веќе се одвива во Галерија ОСТЕН, како и отворениот повик на кој уметниците од целиот свет ќе можат да се пријават до 31 мај 2024.

Потоа ќе следи селекција (селектор Корнелија Конеска, С. Македонија https://www.osten.mk/kornelija-koneska) и жирирање од страна на меѓународно жири во состав:

Бруно КОРА, Италија (претседател) https://it.wikipedia.org/wiki/Bruno_Cor%C3%A0 – истакната личност во светот на уметноста, познат по својот придонес како критичар, автор и едукатор уште од 1960-тите, куратор на бројни уметнички биеналиња и изложби вклучително на Алберто Бури, Ив Клајн, Лусио Фонтана, Микеланџело Пистолето и многу други.

Д-р Пик КЕОБАНДИТ, Белгија (член на жири) https://www.facebook.com/pick.keobandith – основач и директор на организацијата Инспиративна култура од Брисел https://www.inspiringculture.art – организација за уметност и културна дипломатија, главен уредник на списанието „Таргет глобал“.

Маја КОЛАРИЌ, Србија (член на жири) https://www.facebook.com/maja.kolaric.16 – историчар на уметност и куратор, директор на Музејот на современа уметност во Белград (https://msub.org.rs).

... од каде ќе произлезат наградите предвидени од жирито (повеќе за системот на награди и меѓународното жири – подолу...).

Официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024 и доделувањето на наградите традиционално ќе се одржи во НГМ – Чифте амам на почетокот на 2025 г.

Од оваа година, ОСТЕН БИЕНАЛЕ започнува со проширена уметничка програма во рамките на Биеналето, која ќе се одвива во Чифте амам паралелно со официјалната изложба на почетоткот на 2025, а во ко-организација со нашиот стратешки партнер – ОКСА проекти.

За стратешкото партнерство со ОКСА проети, претседателката на организацијата Оксана Ж. Бого:

„Како резултат на нашето стратешко партнерство, ние, ОКСА проекти (OKXSA Projects) Европската асоцијација за интеракција и соработка во образованието, културата и спортот и ОСТЕН АРТ Скопје веќе сме соработувале на меѓународни проекти како што беше изложбата „Уметноста го обединува светот“ која се одржа 20 мај – 24 јуни 2023 година (со почеток за време на отворањето на Биеналето Венеција Архитектура 2023); Уметничкиот форум „Исток-Запад“ што се одржа за време на отворањето на BRAFA (Бриселски саем за уметност 2024) на 26 јануари 2024 година, и други проекти…

Ја продолжуваме нашата соработка како партнери на програмските активности на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024, кои ќе се одржат веднаш по отворањето на официјалната изложба и церемонијата на доделување награди во февруари 2025 година во Националната галерија на Н. Македонија – Чифте амам. Веќе работиме на тоа. Како навестување, можам само да ви кажам дека со Инстиративна култура (Inspiring Culture) Организација за уметност и културна дипломатија од Брисел работиме на обезбедување на изведбата на мултимедијалниот проект „Шопен резонанца“ со меѓународни уметници, музичари и автори, куриран од Д-р Пик Кеобандит. Овој проект го има својот почеток како сателитски настан на Новиот европски Баухаус фестивал (ЕУ Комисија) овој април и ќе има меѓународна турнеја со следна станица - Париз. Нашата цел е да донесеме парче од светската уметничка сцена со квалитетни и оригинални проекти во Скопје“.

Корнелија Конеска

Фото: Корнелија Конеска

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан